Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
Милијардерот Илон Маск објави дека ја продаде својата социјална платформа Икс (Х) на својата компанија за вештачка интелигенција „икс ЕјАј“ (xAИ).
Маск на својот Икс профил прецизираше дека договорот за сите акции е во вредност од 45 милијарди долари, вклучително и долгот од 12 милијарди долари. Според договорот, „икс ЕјАј“ се проценува на 80 милијарди долари, додека Икс на 33 милијарди долари.
-Иднината на „икс ЕјАј“ и Икс се испреплетени. Официјално го преземаме чекорот за комбинирање податоци, модели, пресметување, дистрибуција и талент. Комбинираната компанија ќе испорача поинтелигентни, поосмислени искуства на милијарди луѓе, а во исто време ќе остане доследна на нашата основна мисија за барање вистина и унапредување на знаењето, посочи Маск.
Според него тоа ќе овозможи да се изгради платформа, која не само што го одразува светот, туку и активно го забрзува човечкиот напредок.
Маск Твитер го купи во октомври 2022 година за околу 44 милијарди долари и ја преименува платформата во Икс.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски