Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело.
Како што информираат од ОЈО, осомничените во периодот од март 2024 година до 4 февруари 2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со сериозна закана ги присилиле двајца оштетени сопружници да им дадат парични средства во износ од 10.000 долари.
-Жртвите најпрво почнале да добиваат пораки од првиот осомничен на социјалната мрежа „Фејсбук“, дека нивниот син наводно му должи пари, без да наведе износ. Потоа започнал да им испраќа и заканувачки пораки, а го ангажирал и вториот осомничен со други непознати лица да им се закануваат на оштетените и да бараат исплата на наведените средства. Како дел на дејствијата на изнуда, тие го скршиле стаклото на автомобилот на жртвите, со молотов коктел им ја опожариле влезната врата од станот и континуирано им се заканувале по живот. Синот кој бил во Америка исто така им потврдил на родителите дека и таму добива закани преку пораки и јавувања. На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе паричните средства од оштетените, по што на лице место бил лишен од слобода од полициски службеници, посочуваат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, како и мерка куќен притвор за помагачот.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа