Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
Двајца млади скопјани пријавиле дека биле измамени за вкупно 2.313.000 денари, откако биле убедени да вложат пари во криптовалути.
Според пријавата во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник на 28 јули пријавиле дека Х.Д. ги навел да инвестираат средства во крипто валути. Парите ги уплаќале преку менувачница, а потоа добивале известувања по електронска пошта дека трансакциите се успешно реализирани.
Кога подоцна побарале да ги подигнат вложените средства и наводната заработка, на 24-годишникот му било кажано дека тоа не е возможно без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот му било посочено дека добиените мејлови се лажни.
Тогаш двајцата сфатиле дека биле измамени и случајот го пријавиле во полиција. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
