Живот
1. February 2019 - 21:49

Има Даунов синдром и на само 14 години е успешна манекенка: Нејзиното животно мото мора сите да го применувате

14-годишната Џорџа Траеберт од Бразил станала модел откако нејзината мајка објави фотографија на социјалните мрежи.

Навистина, такви работи често се случуваат, меѓутоа Џорџа не е типичен модел.

Џорџа Траеберт од Бразил има Даунов синдром и е доказ дека ништо не може да ве спречи за да ги остварите вашите соништа.

-Сè започна сосема случајно. Нејзината фотографија која ја објавив на Фејсбук стана вирална, раскажа нејзината мајка Рубиа.

Џорџа денес е ангажирана во пет модни агенции, а најголема популарност стекна на социјалните мрежи. Само на Инстаграм има повеќе од 50.000 следбеници.

Рубиа раскажала дека Џорџа секогаш покажувала интерес за моделинг и мода. Како дете се борела со несигурност и се трудела да се вклопи во општеството. Последните години стана повеќе смела и посигурна во себе.

“Неодамна сними реклама за познат бренд од Бразил”, рекла Рубиа.

Благодарејќи на успесите кои ги нижи, Џорџа повеќе не е несигурна како претходно, меѓутоа нејзината мајка е загрижена поради негативните коментари кои се појавуваат на Интернет.

“Џорџа е прекрасно и талентирано дете, да не беше немаше да стигне толку далеку”, рекла таа.

Нејзиниот најголем сон е да стане пејачка и глумица. Веќе започна да посетува часови по глума и пеење, а се надева дека еден ден ќе си ги оствари соновите.

Не се откажувајте. Борете се за своите соништа и бидете истрајни, бидејќи тоа е единствениот начин да ги остварите, рекла Џорџа.