Има и деца меѓу загинатите и ранетите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Има и деца меѓу жртвите и повредените во терористичките напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч,изјави премиерката на државата Џасинда Ардарн.
– Ранетите се од мали деца до возрасни луѓе. Меѓу нив има мажи, жени и деца и тие се како меѓу загинатите така и меѓу ранетите, изјави Ардарн.
Во нападите извршени вчера загинаа 49 луѓе и 20 се тешко ранети.
Таа пофали двајца полицајци кои го задржале напаѓачот кој имал намера да го продолжи нападот. Тој ќе биде во притвор до април кога против него ќе почне процес во Високиот суд во Крајстчрч.
Од четворицата приведени вчера, еден е граѓанин кој сакал да и помогне на полицијата со огнено оружје. Полицијата се обидува да ја дознае врската на останатите двајца со нападите. Полицијата тврди дека одговорност за двата напада има приведениот Брентон Тарант кој е на 28-годишна возраст.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
