Македонија
16. March 2024 - 16:39

Има ли начин да се спречи корупцијата?

Уште поголем меѓународен притисок за борба против корупцијата и ветинг е тоа што може даги мрдне работите во справувањето со проблемот со корумпираните судии и обвинители, смета поранешнтата антикорупцинерка Слаѓана Тасева по вчерашните силни пораки на американската амбасадорка. Агелер рече дека притисоците врз судската власт во Македонија мора да престанат, а судиите да го практикуваат правото.

Пред неколку дена, пак,  специјалниот преставник на САД Габриел Ескобар рече дека САД по изборите од новата влада освен посветеност на НАТО и ЕУ очекуваат и силна борба против корупцијата. Тасева вели дека изборите се шанса да се побараат реформи, но партиите да не останат само на ветени заложби.

За опозицијата овие пораки на Агелер и Ескобар се пораки што ја погодуваат актулената власт.

„Во целост се согласуваме со изјавите на нашите стратешки партнери, судството стана орган за одбрана на криминалот и корупцијата на власта, наместо да се бори против таквите состојби. Од судство кое ке го отвореа како пупка, стана судство во кое граѓаните со право имаат само 2% доверба. Нема ниту почеток на истрага за најголемите криминалии на власта, а да не зборуваме за одговорност која мора да постои. Затоа со сигурност велиме дека е време за промени кои ке донесат комплетна независност на правосудните органи во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Слични пораки и од алабанската опозиција „Вреди“.

,Уште една дипломатска шлаканица од нашиот најважен стратешки партнер – САД. Партизацијата на судството има егзекутор и форма, се нарекува хоризонтална и вертикална ДУИ-зација на органите на правдата...Нема правна држава, еднаквост пред законот и независна правда со Али и Дрин Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби и нивните инсталирани кадри во праводуството. Токму затоа, после 8 мај, Коалицијата ВРЕДИ ќе ги создава сите потребни уставни и законски механизми за создавање на едно европско судство“, коментираат од „Вреди“

Од таму како пример го наведуваат пристисокот што ДУИ го правеле против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.