Има надеж: Спасена 10-годишната Џулија, помина 17 часа под земја

Спасителите буквално врескаа од среќа кога од под урнатините го извлекоа живо девојчето во Пескара дел Тронто, едно од градчињата кои земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихер ги срамни со земја.
Спасителот кој го пронашол девојчето изјави дека „17 часа по потресот слушнал глас под рушевините на семејна куќа“.
-Слушам нешто од долу, рече волонтерот и сосед по што ги повикал пожарникарите.
Еден спасител ги замолил сите присутни да замолчат и го слушнал гласот на девојчето кое 17 часа била под урнатините на својата куќа.
Соседот почнал да ја довикува по име „Џулија, ајде Џулија“, и спасителите го извлекоа девојчето живо, а настанот беше проследен со аплауз и радосни извици.
Малечката Џулија 17 часа помина под урнатините. Немала сериозни повреди.
Надеж дава и судбината на две момчиња, на возраст од четири и седум години кои ги спасила бабата. Децата се спасени со брза и мудра одлука на бабата која ги пикнала под кревет на првиот знак на тресење на куќата, наведува Ројтерс и додава дека земјотресот го преживеала и бабата, но останал без сопругот.
Спасувачките операции се во тек, а од многу рушевини се слушаат крици од деца. Жителите помагаат и со голи раце ги копаат урнатините на тие места.
Ново на Сител
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР предупредува: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
