Имаат и можат: Свадбата на децата на руските милјардери го зачуди светот

Свадбата на децата на двајца руски олигарси чинела околу 10 милиони долари. За оваа сума била изнајмена салата во која се врачуваат свечените награди „Оскар“, а гостите ги забавувала Лејди Гага.
Бизнисменот Елдар Османов ја омажил својата ќерка за синот на Алберт Авдољан - пред свадбата Лилита и Гаспар се забавувале две години.
Младенците се венчале во Долби Театарот во Лос Анџелес - токму каде се доделува престижната филмска награда „Оскар“.
Свадбената церемонија ја воделе телевизиските водители Андреј Махалов и Ксенија Собчак, додека за расположените била задолжена Лејди Гага. Гостите ги забавувале и Стас Михајлов, Џејсон дДеруло и Николај Басков.
Наведено е дека за китење на салата биле потрешени половина милион долари, додека самата свадба чинела околу 10 милиони долари.
Ново на Сител
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-

Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода
-

Денеска календарски ни започнува зимата и е најкраткиот ден во годината
-

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Кремљ
-

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско
