Имала ужасни болки во стомакот, лекарите занемеле кога ја отвориле - и нашле 150 живи црви
Докторите во Индија од стомакот на една жена извадиле 150 живи црви, а некои од нив биле долги и по 25 см.
Неха Бегум (22) од северна Индија со месеци страдала од силни стомачни болки, повраќање и запек. Неколку пати одела по лекари, но никако не успевала да добие дијагноза, па ја враќале дома со совет да пие лекови против болки.
Околу Нова година имала страшни болки кои потполно ја исцрпиле, отишла во болница и тогаш лекарите утврдиле дека нешто не е во ред во нејзиниот стомак.
-Кога ја прегледавме видовме дека нешто и ја попречува работата на цревата. Ја отворивме да видие и се шокиравме. Операцијата траеше 5 часа и бевме шокирани кога ги видовме црвите замотани околу нејзините црева. Извлековме околу 150 и тоа живи. Навистина никогаш не сме имале ваков случај, вели доктор Ананд Пракаш Тивари.
Неха сега се опоравува од операцијата и почна да јаде цврста храна.
-Јајцата на црвите можеле да влезат во нејзиниот организам преку уста, можеби поради лошите хигиенски навики во делот од земјата каде пациентката живее, вели тој.
Докторите не утврдиле за какви црви станува збор. Тие можат да живеат во човечкиот организам долго без да бидат забележани, се додека нивниот број драстично не се зголеми, како во случајот со оваа жена.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени