Имале секс на врвот од ридот, во живо ги гледале стотина луѓе

Млада бразилска двојка се осмелила да има секс иако знаеле дека ќе ги набљудуваат стотина луѓе најмалки. Тие дошле на врвот од ридот Моро до Агудо на кој се поставени камери од страна на параглајдерскиот клуб.
Камерите се поставени за да можат да се посматраат летовите на љубителите на спортовите.
Полицијата била набрзо известена од страна на гледачи, кои биле изненадени од необичната глетка.

-Ми заѕвони телефонот и добив порака дека на врвот од ридот момче и девојка имаат секс, па испратив патрола. Полицијата затекна целосно гол пар. Ги замоливме да престанат и да се облечат пред да ги однесеме во станица, вели началникот на полицијата Цезар Луис Данунс.
Локален параглајдер наведе дека двојката знаела дека има камери и биле предупредени, но љубовниците изјавиле дека биле долго заедно и имале желба да водат љубов токму на тоа место.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
