Името Горна Македонија не е поволно за Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател
Решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да биде на сметка на Бугарија, изјави во утринската емисија на БТВ поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.
Деблокирањето на дијалогот меѓу Грција и Македонија за спорот за името го оцени како мошне поволен, но изрази загриженост поради некои од можните решенија кои се споменуваат.
– Ме загрижува тоа што почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои не се поволни за бугарската страна, нагласи тој.
Прванов, кој беше претседател на Бугарија од 2002 до 2012 година, потсети дека Бугарија ја признала Македонија под уставното име.
– Да, ние ја признавме Македонија под уставното име, при тоа бевме први кои го сторија тоа, но претставувањето на решенијата како Горна Македонија или Северна Македонија се во полза на Грција, но на сметка на Бугарија, нагласи Прванов.
Истакна дека на Бугарија не и е сеедно како ќе завршат овие преговори и додаде дека во еден момент ќе мора да има и некакво усогласување со бугарската страна.
– Името Северна или Горна Македонија го вклучува Пиринскиот регион, Егејскиот регион не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија остануваат, лебдат во воздухот. Ова е нешто за кое најмалку треба да преговараат владите на двете земји, додаде тој.
Според него деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е пред се поради притисокот од Запад, односно од САД.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци