Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
Имотен лист на е-мејл за 10 секунди. Наместо да се чека редици по шалтери, од следната година околу стотина услуги за граѓаните од Катастарот ќе бидат достапни по електронски пат, уверува директорот на Агенцијата. Новиот веб-сајт од 1. јануари ќе биде единствениот функционален за граѓаните за вадење на документи по електронски пат. А стариот, нема да постои.
Со корисничките имиња и лозинки кои граѓаните веќе ги имаат на сегашниот портал за вадење на документи, ќе може да се најават и на новиот. Оние кои немаат, ќе може да го сторат тоа преку Системот за единствена најава управуван од Министерството за трансформација.
Агенцијата за катастар со ова станува првата државна иституција во Македонија со над сто услуги целосно достапни електронски за граѓаните. Но, дали сите ќе може да се снајдат со дигитализацијата, или пак ќе се држат до старите навики – чекање пред шалтер за да си ја завршат работата.
Директорот вели дека кога се креирал сајтот се земале в предвид и пензионерите, ама кој не може да се снајде електронски, документи може да си извадат на шалтери или преку нотари.
Граѓаните околу еден месец плаќаат пониски цени за услугите на Катастар, намалени и до 75 проценти.
Ваква одлука беше донесена по бурната реакција на јавноста по зголемувањето на цените, во февруари годинава.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар