Македонија
23. May 2024 - 16:33

Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ

Количките паркирани, рингишпилот на свое место, ролеркостерот адреналинската непоместен - Без дозвола за работа импровизираниот Луна Парк во скопски Карпош се уште не се демонтира. И покрај насоките на институциите за дислокација, сопствениците на реквизитите не говорат јавно, тврдат дека се на приватен имот и ги имале сите документи.

На потег се УЈП и пазарен инспекторат, но детали не се соопштуваат. ОД ДПИ за Сител велат дека ќе ги чекаат записниците на инспекторите па ќе соопштат како  ќе се постапува.

Полицијата пак е подготвена за асистенција како и пред неколку дена доколку не бидат испочитувани насоките кои ќе ги издадат институциите.

Општината Карпош на чија територија е поставен паркот, демантира дека е издадено одобрение за негово функционирање, бидејќи и самите немаат надлежност за издавање на вакви одобренија. Дивиот луна парк иако нема дозвола со која се гарантира безбедноста, викендов беше отворен за скопјани , а вртелешките работеа со полна пареа.