Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка

Непознато женско лице удрило студентка на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, откако со своето возило влетала во насобраните граѓани. Полицијата во цивилна облека која беше со учесниците на протестот во Нов Белград запре жена која се обиде да побегне.
Таа со возилото Цитроен ги удрила обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму и така „закачила“ уште неколку од нив.
Жената која го управувала автомобилот турнала настрана неколку полицајци, додека претходно на хаубата го носела повреденото девојче.
Според известувачот на ФоНет, девојчето е тешко повредено, свесно е и се грижи екипа за итна помош.
Да потсетиме денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. Покрај факултетите низ земјава и дел од основните и средните училишта, денеска стопираат и многу фирми, културни установи, угостителски објекти, мали стопанства, организации. На штрајкот реагираа и синдикатите во државните претпријатија и градските администрации.
Во градовите ширум Србија денеска се собираат граѓани во знак на поддршка за барањата на студентите.
Ново на Сител
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
