„Индекс“: Далмација преплавена со месо што не минало никаква контрола
Санитарните инспектори утврдиле дека во повеќе месарници во Далмација се продава месо од животни над кои не била извршена никаква контрола ниту пред, ниту по колењето, а месото дури не било проверени ниту дали во него има трихинела, соопшти денеска хрватското Министерство за земјоделство.
- При контролите е пронајдено месо што потекнува од животни врз кои не е извршен соодветен анте мортем тест пред колењето, како ни пост мортем преглед на закланите животни, а не е извршен ниту задолжителниот преглед за присуство на трихинела во свинското месо, се додава во соопштението.
Како што јави портакот „Индекс“, според Министерството, откриеното непрегледано месо е со непознато потекло и без ознаки за здравствена исправност,
При контролите на месарниците се одземени 4.552 килограми месо, а при инспекциите на неколку кланици се конфискувани 51 животно - две говеда, 11 кози и јариња, 18 јагниња и 21 свиња.
Инспекторите при контролите издале 17 обвинителни предлози и пет казнени пријави.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа