„Се чувствуваме како на рингишпил. Луѓето почнаа да врескаат и да повраќаат“, рече тој. Отприлика три до осум минути по полетувањето изгледаше како авионот да нема доволно сила да полета“, додаде тој.
Да потсетиме, Боингот 737 MAX 8 падна во понеделникот во море 13 минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Само ден пред падот, индонезискиот патнички авион имал проблем со инструментите, забележано е во техничкиот дневник од претходниот лет.
Техничкиот дневник на летот од Бали кон главниот град на Индонезија Џакарта, открива како еден од авионските инстументи не бил „сигурен“, а пилотот морал да го препушти управувањето на првиот офицер. Поточно, имал проблем со отчитувањето на податоците зошто се покажало дека податоците за положбата и врзината не биле „веродостојни“.
Како што се наведува, во текот на летот на линијата од Денпасара кон Џакарта се покажало „нерегулано отчитување на вредностите на положбата и брзината веднаш по полетувањето“.
Посадата и покрај тоа одлучила да го продолжи летот и среќно слетала во Џакарта.
Веќе претходно директорот на воздухопловната компанија рече дека авионот има „технички проблем“, но дека бил решен.
Се уште се бара црната кутија која треба да ги утврди причините за падот.