Индустриската зона „Неготино“ ќе се проширува на нови 33 хектари

Индустриската зона „Неготино“ ќе се проширува на нови 33 хектари поради интересот за купување парцели на оваа локација.
- По продажбата на сите парцели во Индустриската зона „Неготино“ кај Црвени Брегови на површина од околу 30 хектари и интересот кај заинтересираните правни и физички лица за купување парцели на оваа извонредна локација, општина Неготино ги презеде сите неопходни активности за проширување на оваа индустриска зона со нови градежни парцели на нови 33 хектари, изјави градоначалникот Ванчо Апостолов.
За таа цел, како што информира општината, Владата донела одлука за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште. Вкупната површина на земјоделското земјиште за кое е дадена согласност за негова трајна пренамена во градежно, е со вкупна површина од 324.464 метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на постоечката Индустриска зона „Неготино“.
Надлежните од локалната самоуправа се надеваат дека по завршувањето на сите неопходни законски процедури и објавата за продажба на градежните парцели, интересот ќе биде голем и оти сите парцели што ќе бидат понудени за продажба, ќе бидат купени од потенцијални инвеститори.
Ново на Сител
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
