Инфо сесија за подгрантовите за развој на туризмот

На Попова Шапка денеска ќе се одржи информативна сесија за објавениот втор повик за доделување подгрантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот.
Повикот е отворен за општини, регионални плански центри, јавни установи, непрофитни организации (бизнис асоцијации, стопански комори, граѓански организации, едукативни центри и центри за обука), профитни организации (едукативни центри и центри за обука), како и микро и мали претпријатија регистрирани во земјата.
Целта е адресирање недостатоци важни за развој на туризмот.
Подгрантовите за инфраструктурни инвестиции предвидуваат 100.000 до еден милион евра за еден барател или до три милиони евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели, подгрантовите за организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука се до 50.000 евра за еден барател и до 150.000 евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели, додека подгрантовите за локални микро и мали претпријатија се проектирани на максимум 100.000 евра за еден барател и до 300.000 евра за партнерство меѓу два или повеќе баратели.
Рокот за првата фаза за изразување интерес е 30 април 2018 година, а роковите за втората фаза се: 28 мај 2018 - година почетен датум за квалификуваните баратели да почнат со подготовка на целосни предлози, 6 август 2018 година - поднесување целосни предлози за инфраструктурни инвестиции, 16 јули 2018 година - поднесување целосни предлози за организации од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука и 23 јули 2018 година - поднесување целосни предлози за локални микро и мали претпријатија.
Апликантите мора да ги усогласат своите предлози со процедурите содржани во Прирачникот за грантови кој заедно со целосниот текст на повикот се објавени на веб-страницата www.lrcp.mk.
Ново на Сител
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
