Македонија
4. April 2018 - 8:29

Инфоден за МЕДИА - потпрограма на „Креативна Европа“

Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи инфоден за потпрограмата МЕДИА на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија. 

Фокус на инфоденот се повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски фестивали“, а гостин на настанот ќе биде Невена Негојевиќ, раководителка на Канцеларијата за „Креативна Европа“ МЕДИА на Србија. 

Македонија е членка на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ од јули 2015 година и досега македонските продуценти, фестивали и дистрибутери добиле вкупна финансиска поддршка од 420.000 евра.