Иницијатива на ВВФ за заштита на националниот парк „Пирин“
Светската организација за заштита на природата (ВВФ) покрена иницијатива за зачувување на Националниот парк „Пирин", се вели во соопштение на Организацијата.
- Повод за тој потег е новиот план за управување со паркот, што предвидува нови градби и сеча на дрвја на 60 отсто од територијата. Ваков каков што е предложен, документот не соодветствува со целта на создавањето на самиот национален парк - заштита на природата, посочува Организацијата во соопштението.
Како што јави БТА, ВВФ оценува дека предложениот план за уредување на „Пирин“ предвидува изградба на две нови ски патеки и проширување на постојната.
- Доколку биде реализиран овој план, тоа би значело прекршување на нормите на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои Бугарија се обврза да ги почитува, истакна Веселина Кавркова, претставничка на ВВФ за Бугарија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228