Иницијатива за надминување на родовиот дисбаланс на пазарот на трудот
жж
Никој нема пречка за да стане претприемач, подеднакво сите невработени и мажите и жените можат да аплицираат и да ги користат грантовите од државата од 4.000 евра за самовработување и да отворат сопствен бизнис.
Ова беше посочено по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Центарот за вработување на град Скопје и 11 здруженија од граѓанскиот сектор чија таргет група се жените. Примарна задача на меморандумот е да се постигне економско јакнење на жените од сите возрасти и сите целни групи и нивно поголемо вклучување на пазарот на трудот, посветувајќи особено внимание на ранливите категории и на лицата со посебни потреби.
Како што истакна Слободанка Алексовска, директорката на Центарот за вработување на град Скопје, целта на меморандумот е да се преземат мерки за зголемено учество на жените во сите активни мерки за да се надмине родовиот дисбаланс на пазарот на трудот и да се одважат жените да ја отпочнат својата успешна бизнис приказна. Ќе бидат организирани заеднички обуки, трибини, едукативни средби и советувања за да се подигне свеста на жената за нејзино вклучување на пазарот на труд и во сите програми за вработување.
Таа нагласи дека во изминатите 10 години целосно се смени сликата и улогата на жената и и се даде шанса да биде дел од различни управувачки функции во општеството и во приватните компании.
- Кај жените е зголемен претприемачкиот дух и се повеќе отвораат сопствени бизниси. Досега само со поддршка на стимулативна мерка на Владата во периодот од 2007 до 2016 година над 3.100 жени отвориле сопствен бизнис. Во 11. оперативен план за активни мерки и услови за вработување се предвидува да се опфатат над 41.000 лица кои ќе отворат нови 10.000 работни места. Во него жените ќе имаат учество од минимум 30 проценти, рече Алексовска.
Нагласи дека во сите досегашни мерки што се реализирале од 2007 година учеството на жените е над 45 проценти.
- Жените имаат минимално загарантирано учество, но ние ќе се трудиме тоа да биде повисоко. Меморандумот предвидува сите заедно да работиме за потребите на сите невработени жени и жените претприемачи со цел промоција, поттикнување и омасовување на женското претприемништво и лидерство, како и зголемена застапеност на жените во искористување на сите активни мерки, програми и услуги од оператиниот план за 2017 година, рече Алексовска и додаде дека со активните мерки за вработување се намали невработеноста на 23,4 проценти од рекордните 38 проценти во 2005 година.
Валентина Дисовска од Здружението на бизнис жени на Република Македонија потенцира дека кај нас недостига свесност за отворените можности што ги нуди претприемништвото, особено кај повозрасните граѓани кои се растени во едно друго општество.
- Претприемништвото е движечка сила. За неговата слобода порано никој не ни кажал ниту преку едукативните програми, ниту преку школството. Тоа е мерката што им недостасува и на генерацииите кои сега растат. Недостасува и знаењето како се води бизнис, обуките како се води бизнис и добрите практики, рече Дисовска.
Ленка Угриновска од Здружението на жени менаџери ЕЛИТ денешното потпишување на меморандумот го оцени како прва иницијатива за здружување на граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор.
- Трипартитниот дијалог е многу важен за транспарентност на сите одлуки и иницијативи што ќе ги преземе Центарот за вработување на град Скопје, потенцира Угриновска.
Анета Атанасовска од Занаетчиската комора на град Скопје, пак, нагласи дека голем број успешни бизниси во занаетчиството се управувани од жени.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина