Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
Смена на Моника Зајкова од лидерската позција во ЛДП денеска побара т.н Иницијативен одбор во ЛДП, наводно поддржани од 10-тина општински организации бараат смена на лидерката Зајкова. Одборот бара да се свика вонредно партиско собрание за смена на партиското ракводство откако Зајкова премногу се доближила до владеачката партија, а на изборите претрпела тежок изборен пораз.
Зајкова пак, возвраќа дека цела измината година е под закани и уцени од поединци во партијата кои може да завршат со истраги или кои губат државни привилегии, а сега директен повод е Законот за намалување на банкарските провизии кој го предлага во парламентот.
„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите
Зајкова вели дека поединците од Инцијативниот добро немаат мнозинска поддршка и од членовите на ЛДП, а дел од нив таа вели дека не се ни членови на партијата или пак, се платени за да учествуваат во него.
За обвинувањата дека се приближува до власта, Зајкова вели дека во парламентот настапува независно, а за локаланите избори првично планот е ЛДП да настапи самостојно.
Иницијативата за смена на Зајкова стигнува во време кога претседателката на ЛДП излезе со став дека ја поддржува инцијативата на власта за уставни измени со одложено дејство, но и откако таа е се поретко е во друштво на СДСМ со која беше во коалиција за време на изборите. Лидерот на СДСМ Венко Филипче, минатата недела тврдеше дека пратеничката група на коалицијата на СДСМ од изборите е целосна и дека Зајкова се уште е дел од неа. Сепак, денеска Зајкова изречно рече дека во Собранието дејствува самостојно што може да се види и од нејзиниот настап и гласање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар