Инспирација за нова генерација хипици

Џејмисон Гадлов е модерен хипик, кој го сака Исус, пуши трева и неделно заработува повеќе од 1.300 долари, возејќи ги наоколу туристите во неговото „шарено“ возило, а сето тоа го прави испраќајќи пораки за единство и љубов.
Џејмисон Гадлов (54) самиот себе се вика и „Едно Перо“, а годините ги помина облечен како Исус, пред целосно да се посвети на хипи живототниот стил и почна свое комбе, кое го нарече „Храм на љубовта“, така и го преуредува, пишува „Сан“.
После ширењето на пораките на Исус за мир и љубов, еволуирал во „Едно перо“, хипик кој конзумира марихуана и патува низ Америка и понатаму ширејќи ги пораките за љубов и единство. Своето хипи комби го украси со многу разни „додатоци“, а користел и фигури и играчки од популарните култури, вклучувајќи ги Стар Трек, Хари Потер, Војна на ѕвездите...
Неговото омилено возило го купил во 1995 година и набрзо му стана „спиритуален дом“. Возилото го купил од друг хипик кој бил бездомник со жена и дете на кои социјалната служба им се заканувала дека ќе им го одземе детето ако не најдат стан. Џејмисон им помогнал и не зажалил.
Откако во хипи комуна се најал печурки, стави наметката и почна да го „глуми“ Исус. Патувал по светот барајќи светилишта неколку години, а работел едноставни работи само за да може да го одржува својот животен стил. Тој набрзо дошол до идеа дека би можел да заработува само од донации и во тоа успеа.
Желбата му била, неговата приказна да ја преточи во книга од која нешто би заработил, но и да испраќа пораки за мир и љубов.
- Можеби ќе ја инспирирам новата генерација хипици, заклучи тој.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
