Македонија
20. јуни 2023 - 8:19

Институтот за македонски јазик со свечена академија ќе одбележи 70-годишен јубилеј

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје денеска со свечена академија ќе одбележи 70 години од основањето и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков.

Како што е најавено, на академијата ќе се обратат претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска.