-->
-->
Интензивирани градежните активности на клучката Смилковци
-->

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска направи увид во текот на градежните активности за изградба на кучката кај месноста Смилковци. Изградбата на оваа клучка почна во март годинава и според активностите на терен кои се во полн ек, завршени се повеќе од 60 проценти од градежните работи.
Иако предвидениот рок за изградба на клучката е 12 месеци, односно до март наредната година, според активностите на терен, се очекува да биде завршена пред предвидениот рок.
Со завршувањето на оваа клучка, за околу 10 километри ќе се скрати патувањето до центарот на градот, а со тоа ќе се овозможи побрз и побезбеден транспорт на околу 8.000 жители од 5 населени места.
Инвестицијата е во вредност од околу 40 милиони денари
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
