Интензивно чистење на градските депонии во Скопје
Од Град Скопје соопштија дека интензивно продолжуваат со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот. Денеска целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.
– Градот Скопје веќе исчисти повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот, информираа од Град Скопје.
Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот