Интер го симна Јуве од врвот
Интер го победи Јувентус со 2-1 во „Дербито на Италија“, одиграно во четвртото коло, во Серија А. Домаќинот во 230-от меѓусебен дуел ја забележа 71-та победа со која најавува подобри изданија во продолжение на сезоната.
Интер одигра добар натпревар, покаже желба за надигрување, додека впечаток е дека Јувентус го потцени противникот.
Иако Интер беше подобар имаше и мала иницијатива, сепак Јуве го постигна првиот гол на натпреварот. Во 66-та минута, Лихштајнер го искористи центаршутот на Алекс Сандро.
Сепак Интер веднаш возврати, најпрвин Икарди одлично скокна на нафрлената топка од страна Евер Банега, а потоа Аргентинецот му асистираше на Перишиќ, кој во 80-та минута ги постави конечните 2-1.
Јувентус по првиот сезонски пораз челнатат позиција му ја препушти на Наполи кој има десет бодови, еден повеќе од „старата дама“, додека Интер со седум бодови се наоѓа во групата на тимови кои се наоѓаат од третата до шестата позиција.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО