Интер и Манчестер сити полуфиналисти во Лигата на шампиони
Интер и Манчестер сити го заверија вечерва пласманот во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако италијанскиот тим ремизираше со Бенфика на реваншот во Милано (3:3), додека премиерлигашот одигра нерешено (1:1) против Баерн во Минхен.
Откако победи на првиот натпревар во Лисабон со 2:0, Интер не ја испушти предноста на реваншот во Милано и беше блиску до нов триумф со головите на Бареља во 14 минута, Мартинез (65) и Кореа (78), додека стрелци за Бенфика беа Аурснес (38), Антонио Силва (86) и Муса (90+5).
Манчестер сити на гостувањето во Минхен допатува со предност од 3:0, која ја зголеми Халанд во 57 минута, откако норвешкиот голгетер претходно во завршницата на првиот дел промаши пенал.
Баерн избегна втор пораз во четвртфиналната пресметка со Манчестер сити со голот на Кимих во 83 минута од пенал.
Пласман во полуфиналето вчера обезбедија Реал Мадрид и Милан.
Бранителот на европската титула Реал во полуфиналето ќе игра против Манчестер сити, додека второто полуфинале ќе донесе италијанска пресметка меѓу градските ривали Интер и Милан.
Полуфиналињата се на распоредот на 9 и 10 мај, односно 16 и 17 мај.
Финалето е на 10 јуни во Истанбул.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла