-->
-->
Интер „распука“ против Бреша
-->

СПОРТЈанг и Санчез беа стрелци, Интер ја демолираше Бреша (видео)Објавено пред 12 часа - 1 јули, 2020Од TopSport.mk
Интер стигна до убедлива 6:0 победа над „фенерџијата“ Бреша, триумф обезбеден уште во првото полувреме од двајца поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг и Алексис Санчез.
Уште во петтата минута на „Сан Сиро“, Санчез фантастично му нафрли на Јанг, кој со фантастичен удар го совлада Џеси Јоронен. Во 20. минута од мечот, дојде ред на Санчез, кој беше прецизен од белата точка, пред Данило Д’Амброзио на асистенција на Јанг да зголеми на 3:0. Роберто Гаљардини во 52. минута зголеми на 4:0, за во 85. минута нововлезениот Кристијан Ериксен да зголеми на 5:0, пред и Антонио Кандрева да се запише во листата на стрелците во 88. минута.
Во дуел од средината на табелата пак, Болоња одигра 1:1 со Каљари. Домаќините дојдоа во водство во 45. минута од мечот преку Муса Бероу, пред Џовани Симеоне да израмни на самиот почеток на второто полувреме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
