Интерактивнa изложба „Игри и политика“

Интерактивнaта изложба „Игри и политика“ (Games аnd Politics) на Гете-институт Скопје вечер ќе биде отворена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Изложбата настанала во 2016 година и се заснова на Global Games на ZKM (Центар за уметност и медиуми) Карлсруе. Кураторите на изложбата избрале политички амбиционирани видеоигри од последните 12 години, кои ги истражуваат границите и можностите на овој жанр и со тоа претставуваат и предизвик за индустријата на разонода.
При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра од Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија и Гораст Цветковски, коосновач на Македонската асоцијација за развивање игри - МАГДА.
Во рамки на изложбата Гете-институт Скопје заедно со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе организираат Гејм Џем, каде креативни луѓе 24 часа ќе програмираат игри.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
