Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
Опозициската СДСМ застанува во одбрана на Судскиот совет и покрај критиките на јавноста за неговата работа. Партијата на Филипче, утре ќе дебатира, но нема да учествува во гласањето по интерпелациите на 5. члена на Советот. За опозицијата гласањето со доверба на членовите што ги избрал парламентот е упад на извршната власт и напад во уставниот предок.
Неприфатлив е и предлогот за смена на државниот обвинител Јовески. Обвинуваат дека власта смислено прави целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Ако Судскиот совет биде срушен на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди, како што сме гледале во минатото. Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола. Токму затоа се брзаат, токму затоа го игнорираат законот и токму затоа СДСМ никогаш нема да го поддржи ова насилно уништување на правната држава и на уставниот поредок.
Од СДСМ бараат да бидат прекинати овие смени и да се постигне меѓупартиски консензус за реформите во правосудството согласно препораките од ЕУ.
Од власта пак, пак велат дека партијата на Филипче намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност и да се спречи нивна казна за неправилности и корупција. Од таму обвинуваат дека токму СДСМ инсталирала свои кадри во судството додека била на власт и затоа довербата во него е 2 отсто.
Како претседател на Судскиот совет беше Весна Дамева, која, како член на партиска комисија на СДС, активно го спроведуваше политичкиот и криминален интерес на својата партија. Дамева, не само што ги поттикнувала, туку и организирала незаконски дејства за да ги исполнува нарачките од тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Пред Весна Дамева, како заменик претседател на Судскиот совет, беше Наќе Георгиев, кој важеше за десна рака на Зоран Заев и Венко Филипче. Георгиев е познат по неговата вмешаност во криминални активности, а неговото признавање на примање мито за да влијае врз судиите и обвинителите само ја потврдува влошената состојба во судството.
Собранието утре ќе ја почне расправата за гласање на недоверба на Дамева, Црвенковска, Адеми, Чочарова – Илиевски и Мустафа. Законодавниот дом нема моќ да ги разреши членовите на Судскиот совет, за власта интерпелациите се силна порака дека не уживаат доверба и се надева на оставки.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар