Интеркултурна претстава „Аудиција“ во кино „Фросина“
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер ќе биде изведена претставата „Аудиција“, која ја создадоа млади од Куманово со цел да го покажат секојдневието на младите луѓе од сите етнички припадности во Македонија.
Претставата е дел од активностите на проектот „Ку Тенда - Приказни, Слики и Звуци во движење - Живи мемории во југоисточна Европа“, реализиран од Центарот за интеркултурен дијалог и финансиран од програмата на ЕУ за култура - Креативна Европа. Режисер е Кети Дончевска-Илиќ, а кореограф - Сања Русеска. Влезот за посетители е слободен.
- Претставата е резултат на интеркултурна театарска програма која има за цел активно вклучување на младите од влашката заедница, Покрај претставата, во рамки на проектот досега се одржани и креативни работилници каде ученици од основните училишта од Куманово преку креативни методи креираат мотиви кои се поврзани со влашката култура во Македонија, соопшти Центарот за интеркултурен дијалог.
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска