Интернационален фестивал за монодрама „Битола 2016“
Интернационалниот фестивал за монодрама „Битола 2016“ продолжува со три претстави во конкуренција кои ќе бидат изведени во Битолскиот центар за култура.
Во 18 часот ќе настапи хрватскиот актер Вилим Матула од загребскиот „Бинокулар Театар“ кој ќе ја изведе монодрамата „Постдипломско образование“ во режија на Борна Арманини.
Во 20 часот ќе биде изведена моно-операта „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на битолчанецот Марјан Неќак, а во која настапува хрватскиот актер Озрен Грабариќ. Од фестивалскиот прес центар информираат дека овој проект, моно-опера е на ММТ-Битола и НУ Центар за култура-Битола.
Третата фестивалска вечер ќе биде заокружена со музички моноспектакл на авторот и актер Татјана Хазановскаја од театарот Моноарт од Тел Авив-Израел која ќе ја изведе претставата „Кралските писма“.
Интернационалниот фестивал за монодрама „Битола 2016“ ќе заврши на 10 мај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место