-->
-->
Интернационален салон на стрип во Велес
-->
Во Ликовниот салон во Велес вечер во 19 часот ќе биде отворен 13. Интернационален салон на стрип „Велес 2015“, во организација на Стрип центарот на Македонија од Велес.
На Салонот на стрип ќе бидат доделени наградите од меѓународниот конкурс „Златен стрип 2015“ и годинешното признание за афирмација на стрипот на „Остен“.
- Наградата „Златен стрип 2015“ ќе им биде доделена на „Дан Ианос (Романија), Аљоша Томиќ (колор), Марко Стојановиќ (сценарио), а ќе бидат доделени и втората и третата награда и останатите признанија и пофалници. Годинава на интернационалниот стрип конкурс пристигнаа 228 дела од 41 земја што далеку го надминува претходниот рекорд од 168 стрип стрип дела, вели Томе Трајков од Стрип центарот на Македонија-Велес.
Освен од Македонија на Стрип салонот ќе учествуваат и познати стрип автори од Турција, Албанија, Србија и Косово.
- Салонот на стрип во Велес ќе биде отворен до 18 октомври и освен изложбите, љубителите на овој вид на уметност ќе имаат можност да присуствуваат на отворените стрип работилници. Во рамки на Салонот ќе биде отворена и стрип берза, а меѓу активностите посетителите и учесниците ќе можат да разменуваат искуства и да разговараат на тема стрип уметност, информира Трајков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови