Интимна исповед на искусна проститутка: Сакам да работам за Бадник еве зошто
Жена која пет години се занимава со проституција и така го издржува семејството за британски Индипендент ја раскажа својата интимна исповед, претставувајќи се под псеводимот Наталија Џонс.
Таа тврди дека за Божиќ и Нова година несомнено има многу муштерии, а најмногу за Бадник.
-Секоја година работам за Божикните празници. Го украсувам станот како и сите за празниците, ставам светилки и подароци под накитената елка. Изгледа како нормален стан во кој се живее, вели таа.
-На Бадник имам најмногу работа, но многумина ми доаѓаат пијани за забава, па повеќето ги одбивам. Меѓутоа, тука се и луѓето што ги познавам, прекрасни и дарежливи мажи, кои ми доаѓаат за божикните празници. Дури ми носат и подароци. И соседите ми праќаат честитки иако знаат што работам. Можеби ви е чудно, но јас сум во добри односи со соседите, вели Наталија, додавајќи дека не се сите толку драги и полни со љубов како што се претставуваат.
Наталија вели дека Бадник и Нова година носат најмногу работа, но и најмногу проблеми.
-На самиот Божиќ не работам, зошто тогаш сите сакаат ден одмор, каква и работа да имаат...Затоа работам за новогодишната ноќ и први јануари, и тогаш имам навистина голем промет. Но оваа година нема да работам по полноќ на новогодишната ноќ. Инаку не примам мажи доцна навечер за да немам проблем, вели Наталија и додава дека остатокот од јануари бил прилично досаден.
-Луѓето се опоравуваат од алкохолот и храната, а и финансиски се исцрпени. Ако дојдат муштерии, сакаат да потрошат што помалку. Тоа ми е тежок период зошто помалку заработувам, вели таа и се жали дека тогаш и полицијата е активна па има рации во текот на празниците. Во една таква рација настрадаа мои пријателки пред три години. Мораа да тресат надвор на ладно само по долна облека, додека полицијата ги фотографираше и им ги одземаше парите како доказ дека се жртви на трговија со луѓе, а не беа такви, вели Наталија.
-Затоа мораа да заработуваат пари на други начини, повеќето работеа на опасни места, и се нудеа по улички и друмови. Повеќето од нас имаат деца или други кои зависат од нас, а сакаме за Божиќ да им купиме по некој подарок, храна, слатки. А работата во зима може да биде претешка и постојано стравуваме дека се што ќе заработиме за леб, ќе ни го одземат луѓето што би требало да ти помогнат, ја завршува Наталија својата исповед.
Ново на Сител
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север