Инзаги: Сакаме трофеј и во првенството и во купот
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го пофали својот тим откако го синоќа го совлада Милан со 3:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија.
Тој се надева дека тимот го добил потребниот импулс во трката за освојување на Серија А.
– Моите момци беа фантастични. Дербито го одигравме со интелигенција, тактика, шутеви во вистинско време. Сакавме финале и победа во ова дерби, бидејќи пред тоа имавме три многу различни натпревари со Милан, но овој одлучуваше за место во финалето. Се надеваме дека можеме да го задржиме овој интензитет. Го освоивме Суперкупот во јануари, го имаме финалето во Купот во мај и исто така сакаме на најдобар можен начин да ја завршиме сезоната во Серија А. Сепак, ни претстои уште долг пат. Сакаме да се бориме за трофеите и во купот и во првенството, изјави Инзаги.
Во финалето на Копа Италија, Интер ќе игра со победникот од двојката Фиорентина – Јувентус. Резултатот по првиот натпревар е 0:1 во корист на Јувентус.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата