Свет
4. October 2017 - 8:47

Ирачкиот премиер побара „заедничко управување“ со Киркук

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади повика за „заедничко управување" на Киркук и другите провинции, кон кои имаат претензии како негова влада, така и автономниот курдски регион, под услов Багдад да е највисоката инстанца при таквото договарање. 

Главна цел на предлогот на Абади е да се реши спорот за мултиетничката и богата со нафта провинција Киркук.

Курдските сили, познати како пешмерга, презедоа контролата врз Киркук во 2014 година, кога ирачките војници се повлeкоа поради џихадистите од Исламска држава во северен Ирак

Ново на Сител