Ирачките сили ја повратија контролата врз аеродромот во Мосул

Ирачките сили за безбедност денеска ја повратиле контролата врз аеродромот во северниот град Мосул од Исламска држава, јави државната телевизија, цитирана од ДПА.
Пробивот се случил неколку часа откако тие со американска поддршка навлегле на територијата на аеродромот на блиската воена база во јужните предградија на Мосул.
-Силите за брзо реагирање и федералната полиција целосно го ослободија аеродромот, соопшти ирачката државна телевизија, без да даде други детали.
Таа емитуваше кадри на кои се гледа како ирачките војници со раце ја поздравуваат победата и го креваат националното знаме на аеродромот, што се наоѓа на околу пет километри од центарот на Мосул.
Исто така, беа покажани и тенкови и друга оклопна техника.
Се претпоставува дека десетици потенцијални атентатори самоубијци се уште се кријат на територијата на аеродромскиот комплекс, чија површина изнесува 25 квадратни километри, изјавија извори од силите за безбедност.
Освојувањето на аеродромот и воената база „Газлани“, што е дел од коплексот, ќе биде поттик на континуираните активности на ирачките сили за безбедност за преземање на западниот дел на Мосул, што се уште е под контрола на Исламска држава, забележа ДПА.
Битката за враќање на контролата врз западниот сектор на Мосул веројатно ќе биде тешка заради густо населените реони и тесните улици.
Во западен Мосул живат приближно 650.000 лица, вклучувајќи и 350.000 деца, наведуваат хуманитарните организации.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во неделата го соопшти почетокот на офанзивата за заземање на овој дел од градот, речиси еден месец откако владините сили, со воздушна поддршка од меѓународната коалиција, ја повратија контролата врз источниот сектор на Мосул.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
