Ирак повторно побара повлекување на турските војници од негова територија

Шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафар повторно ја повика Турција да ги повлече своите војници од северниот дел на Ирак и ја предупреди Анкара дека во спротивен случај Багдад би можел воено да одговори.
Спорот меѓу Турција и Ирак е од почетокот на месецот, откако беа распоредени турски војници во базата Башика, Северен Ирак. Турските војници помагаат во обуката на сунитските и курдските борци, кои војуваат против Исламска држава.
Распоредување на турските војници го разлути Багдад оценувајќи дека нивното присуството на ирачка територија е незаконско и побара целосно повлекување. Турција само делумно ги повлече војниците.
- Ако не биде постигнато решение и ако бидеме принудени на судир, ќе помислам како да го заштитам нашиот суверенитет, посочи Џафар.
Тој додаде дека присуството на турските војници на ирачка територија е нарушување на суверенитетот на Ирак.
- Според постапките на Турција јасно е дека таа нема сериозни намери да ги повлече своите војници од Ирак, наведе Џафар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
