Иран добива пристап до замрзнати активи во вредност од 32,6 милијарди долари

Со укинување на санкциите Иран добива пристап до своите активи во вредност од 32,6 милијарди долари, замрзнати во странски банки, соопшти шефот на иранската централна банка Валиука Сеиф, пренесува ТАСС.
Претходно централниот банкар на Иран замрзнатите активи на земјата ги оцени на околу 30 милијарди долари.
- Од нив, 28,1 милијарда долари припаѓаат на иранската централна банка, а 4,5 милијарди на други државни организации, истакна Сеиф.
Според шефот на централната банка на Иран системот за меѓународни меѓубанкарски трансакции СВИФТ ќе биде достапен на иранската централна банка и останатите ирански банки по 7 до 10 дена.
Откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа објави дека Иран ги исполнил условите за стапување во сила на историскиот нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили, ЕУ објави целосно, а САД делумно укинување на санкциите.
Ново на Сител
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
-

Фудбалската асоцијација на Ирска ја повлече својата поддршка за реизборот на Инфантино
-

Турист од Грузија се удавил во Охридското Езеро
-

Скопјанец пронајден мртов во својот дом, полицијата ги утврдува околностите
