Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху
Иран синоќа потврди дека либанското движење Хезболах, финансиски и воено поддржано од Техеран, го изврши нападот со дрон врз приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Таа акција ја изведе либански Хезболах, се наведува во краткото соопштение на Мисијата на Иран во Обединети нации, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Претходно, Нетанјаху ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во Цезареја.
– Иранските сојузници се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат.
Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена, посочи Нетанјаху.
Во инцидентот никој не е повреден.
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар