Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот

Иран и САД во петок ќе одржат нова рунда разговори во Швајцарија со цел постигнување конечен договор, откако претходно беше усогласен привремен меморандум меѓу двете земји, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Во изјава за иранската државна телевизија, Арагчи нагласи дека претстојните преговори ќе бидат насочени кон финализирање на договорот и надминување на преостанатите несогласувања меѓу Техеран и Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.
Тој истовремено испрати предупредување дека секој евентуален израелски напад врз Либан, како и долгорочно присуство на израелски сили на либанска територија, Иран ќе го смета за нарушување на постигнатиот привремен договор со САД.
– Од наша перспектива, на едната страна од овој меморандум се САД и Израел, а на другата Иран и Хезболах – изјави Арагчи.
Според него, разговорите во Швајцарија претставуваат важен чекор во обидите за постигнување трајно решение и регулирање на преостанатите отворени прашања меѓу двете страни, пренесе „Анадолија“.
Новата рунда преговори доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, додека меѓународната заедница внимателно ги следи напорите за намалување на ризикот од поширока регионална ескалација.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
