Иран ја потврди историски најниската излезност од 41 отсто на изборите на 1 март
Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди денеска потврди дека историски ниска била излезноста од 41 отсто на изборите што се одржаа на 1 март.
Бројката претходно ја објавија медиумите блиски до Владата. „Околу 25 милиони од 61 милион граѓани со право на глас излегоа на гласање“, изјави Вахиди.
Бројот на неважечки гласови беше нешто под осум отсто. Бројките не се независно проверени. Во 2020 година излезноста на парламентарните избори беше 42,6 отсто.
Иран на 1 март избра нов Парламент и таканаречен Совет на експерти, кој се занимава со наследувањето на моќниот верски водач во случај на неговата смрт.
Многу луѓе, разочарани по неуспешните обиди за реформи во последните децении, останаа настрана од гласачките места во знак на протест.
Меѓународните набљудувачи велат дека изборите во Иран не биле ниту слободни ниту фер.
Ова беа први избори по протестите предводени од жените во 2022 година по смртта на Иранката со курдско потекло, Махса Амини во полициски притвор.
Таа беше приведена поради наводно неправилно носење верска марама или хиџаб.
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените