Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите

Иран ќе дозволи премин низ Ормуската теснина во Персискиот Залив по завршувањето на војната против САД и Израел само во согласност со протоколите кои ќе ја штитат безбедноста на Иран, изјави денеска иранскиот заменик-министер за одбрана Реза Талаеи Ник.
Говорејќи на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Шангајската организација, тој рече дека Иран ја препознава меѓународната загриженост поради моменталните ограничувања што ги воведе за премин низ Ормуската Теснина, но истакна дека ограничувањата се одговор на американско-израелските напади врз земјата, кои почнаа кон крајот на февруари и беа запрени со прекинот на огнот на 8 април, пренесува телевизијата „Press“.
Тој наведе дека Иран ќе дозволи комерцијални поминувања низ теснецот доколку војната трајно прекине.
– Овозможувањето непречен транзит на комерцијални бродови ќе биде на дневен ред по завршувањето на војната, под услов да се почитуваат протоколите кои не ја загрозуваат безбедноста на Иран – рече Ник.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Техеран наводно побарал од Вашингтон што е можно поскоро да ја укине својата блокада на Ормуската Теснина, бидејќи Иран е „во состојба на колапс“.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
