Иран купува 80 авиони Боинг за 16,6 милијарди долари
Најголемиот ирански авиопревозник Иран ер (Iran Air) соопшти дека денеска се договорил да купи 80 авиони од американската компанија Боинг, во најголемата зделка меѓу САД и Иран по исламската револуција од 1979 година, објави ИРНА.
Авионите - 50 од моделот 737 и 30 од моделот 777 - ќе бидат доставени во идната деценија, прецизира директорот на авиокомпанијата Фархад Парвареш.
Трансакцијата е одобрена од американската влада. На церемонијата на потпишување во Техеран беше регионалниот директор на Боинг Флечер Баркдел.
Во јуни Боинг објави дека склучил прелиминарен договор да продаде 100 авиони на Иран ер.
Потоа во септември Вашингтон даде дозвола на американскиот произведувач на авиони и на неговиот европскиот конкурент Ербас да продаваат авиони за милијарди долари на Иран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат