Иран му порача на Макрон: Само ние ќе ги отстраниме мините од Ормуската теснина

Иранскиот заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади, синоќа изјави дека согласно Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу Техеран и Вашингтон, само Иран е должен да ги отстрани мините од Ормуската Теснина, со што му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно најави дека заедно со Оман ќе работат на отстранување на мините од мореузот.
Ситуацијата е чувствителна и комплексна, силно ја советуваме Франција дополнително да не ја комплицира со своите провокации, додаде Гарибабади, јавија британските меидуми.
Емануел Макрон вчера изјави дека Франција и Оман соработуваат за намалување на тензиите на Блискиот Исток и дека ќе работат со своите партнери за отстранување на мините од Ормуската Теснина.
Францускиот претседател Емануел Макрон и султанот Хаитам бин Тарек од Оман повикаа на „слободна пловидба, без услови или ограничувања“ во Ормуската Теснина и се согласија да спроведат „заеднички операции за деминирање“, се наведува во заедничкото соопштение објавено по нивните разговори во Париз, пренесоа француските медиуми.
„Двајцата шефови на држави ја истакнаа важноста од повторното отворање на Ормуската Теснина и ја потврдија својата посветеност на слободната пловидба, без услови или ограничувања, вклучително и правото на транзитен премин во согласност со поморското право“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
