Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува

Иран испука две балистички ракети со среден дострел кон заедничката американско-британска воена база на островот Диего Гарсија во архипелагот Чагос во Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неколку американски функционери,
Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот Исток и да ги загрози воените капацитети на САД, објави американскиот весник.
Една од ракетите откажала во летот, а американски воен брод испукалл пресретнувач SM-3 кон другата, според две лица.
Не е потврдено дали пресретнувањето било успешно, според еден од функционерите.
Ниеден американски или британски функционер сè уште не ги потврдил наводите на весникот.
Пентагон не одговори на барањето на медиумите во врска со извештајот на „Волстрит џурнал“. Нема официјални реакции од други институции контактирани за коментар, вклучувајќи ја Белата куќа и британската амбасада во Вашингтон.
Островот се наоѓа на околу 4.000 км од иранската територија. Сепак, нападот сугерира дека Техеран има ракети со поголем дострел отколку што се сметаше претходно, наведува „Волстрит џурнал“.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
