Ирска бара само поморска граница со Британија по Брегзит
Владата на Ирска смета дека Ирското Море треба да биде единствената граница што ќе ја раздвојува земјата од Велика Британија, откако Британците целосно ќе се повлечат од ЕУ.
Официјален Даблин смета дека сегашната отворена граница меѓу северот и југот на поделениот остров, по Брегзит не ќе може да опстои во овој облик, па затоа предлага друго решение - напуштање на идејата за одржување и на копнената граница.
Наместо тоа, Владата на премиерт Лео Варадкар сугерира во иднина двете соседни земји да имаат само поморска граница во Ирското Море кое прирдно ги дели девете земји, на чии брегови, во пристаништата и на аеродромите би се вршела царинската и мигрантска контрола.
Лондон засега официјално не го коментираше ирскиот предлог, што е промовиран на интернет страницата на Варадкар, но висок претставник на британската Владата, чиј идентитет не е соопштен, за „Тајмс“ изјави дека ваквото предлог-решение на Даблин претставува „уназадување на тонот“ на ирскиот премиер во однос на последниот Самит на ЕУ.
Лондонскиот весник забележува дека ваквото решение за границата меѓу двете земји по Брегзит, само ја усложнува досегашната и онака тешка позиција на Велика Британија во преговорите со Брисел.
За ЕУ статусот на државјаните на ЕУ во Велика Британија, финансиското раздолжување на Лондон кон Унијата и границата кон Ирска, се трите најважни прашања што мора да бидат решени пред да се преговара за иднте европско-британски односи.
Владата во Даблин, и претходната на премиерот Енда Кени, но и сегашната на Варадкар, предупредуваат дека Брегзит ќе предизвика проблеми на ирскиот остраов поради враќањето на граничната линија меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која во иднина како составен дел од Велика Британија, ќе биде надвор од ЕУ.
Се стравува дека тоа може да го наруши и мировниот процес во Северна Ирска, регулиран со Договорот од Велики петок од април 1998 година, бидејќи би била прекината слободната комуникација меѓу југот и северот на островот.
Британската премиерка Тереза Меј ги уверува Ирците дека ќе се обезбеди „најдоброто можно решение“ за границата, но Владата во Даблин смета дека по Брегзит едноставно не може да функционира слободна и отворена граница меѓу Ирска и Велика Британија, како што е тоа сега случај кога двете земји се дел од Унијата.
Ново на Сител
-
Без струја утре дел од општина Ѓорче Петров
-
Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно
-
Во реонот на Лос Анџелес на сила се црвени аларми поради силните ветрови и можното ширење на пожарите
-
Членки на НАТО на барање на Германија го забрзуваат договарањето нови воени цели
-
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-
Почнува 29. Светско првенство во ракомет
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со ставови дали треба да остане на таа функција
-
На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39