„Исцелител“ прогласен за најдобар меѓународен филм во Санта Барбара

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.
Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција заедно со уште 11, меѓу кои и номинираниот за Златна палма на Кан минатата година, францускиот „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот на нештата“ и номинираниот за најдобар филм на Карлови Вари, косовскиот „Непожелен“.
- Ви благодарам Санта Барбара за прекрасната награда. Ми претставува огромна чест што името на нашиот филм е таму заедно со наградените актери и познатите филмски автори. Но и покрај сите ваши обиди, сепак не можам да ви го кажам рецептот за исцелителниот колач, изјави режисерот Ставрески по повод доделувањето на наградата.
Проекцијата во Санта Барбара беше воедно и американска премиера на „Исцелител“. На фестивалот имаше вкупно три проекции. Во 33 годишното постоење на фестивалот во Санта Барбара, ова е прв македонски филм, добитник на награда.
Фестивалот во Санта Барбара го посетуваат најголемите и најактуелни холивудски, но и светски филмски ѕвезди и автори кои добиваат признанија за својата работа. Оваа година, покрај Сем Роквел, Сирше Ронан, Марго Роби и Алисон Џени, со специјални награди се закитија и Кристофер Нолан, Грета Гервиг, Гиљермо дел Торо, Џордан Пил, Пол Томас Андерсон, и други. Еден од презентерите беше ѕвездата на филмот „Викај ме по твоето име“ – Тимоти Шаламе.
„Исцелител“ од премиерата досега, за три месеци освои три награди и учествуваше на 7. меѓународни фестивали. Филмот веќе единаесета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола, Штип и Кочани.
Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковск... Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.
Ново на Сител
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
