Балкан
8. јуни 2017 - 14:21

Исчезнаа три сестри, полицијата трага веќе 10 дена

Бугарската полиција трага по трите сестри на старост од 15, 16 и 17 години, кои исчезнале пред десет дена.

Сестрите Глорија, Станка и Силвија исчезнале од семејната куќа во селото Иваново.

Исчезнување на девојчиња не е нешто ново во Бугарија, но досега не е забележан случај како овој во кој исчезнале три сестри.